Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Минатата година во Охрид биле регистрирани 54 бесправно изградени објекти

Минатата година во Охрид биле регистрирани 54 бесправно изградени објекти

1 min read
Минатата година во Охрид биле регистрирани 54 бесправно изградени објекти

Охрид, 30. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Минатата 2024 година во Охрид биле регистрирани 54 бесправно изградени објекти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Од нив, според видот на објектот 13 се објекти за домување, 11 гаражи, 9 огради, 7 настрешници, по 5 биле доградби, надградби и слични адаптации и помошни објекти, 2 деловни објекти и по една тераса и времен објект. Од објектите за домување сите 13 биле со исклучиво станбена намена.

Што се однесува до претходните години, во 2023-та биле регистрирани 38, додека во 2022 година 53 дивоградби.

Лани во Струга имало 45 бесправно изградени објекти, додека во Дебрца не се регистрирани.

На државно ниво во 2024 година биле регистрирани 757 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 151 објект за домување,
99 доградби, надградби и адаптации, 77 деловни објекти, 49 гаражи, 147 огради, 8 скалила, 14 тераси, 20 летни тераси, 93 натстрешници, 26 времени објекти и 73 помошни објекти.

Најголем број бесправно изградени објекти, 93.8 %, се во приватна сопственост. Најмногу бесправно изградени објекти, 19.9 %, се за домување. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре стапува на сила забраната за изведување градежни работи во централното градско подрачје
Next Четири бронзени медали и пофалница за тимот од Македонија на 7. Балканска олимпијада по физика

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад
1 min read

Повторно мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, подигнати 55 м³ кабаст и зелен отпад

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.