Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На средина од месецов уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

На средина од месецов уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

1 min read
На средина од месецов уписи во средните училишта, во Охрид може да се запишат 783 полуматуранти

Охрид, 2. јуни 2025 (ИНПРЕС) – На средина од месецов започнуваат уписите во средните училишта.

Ќе има три пријавувања за полуматурантите, две во јуни и едно во август.

Согласно објавениот конкурс за упис во средните училишта во учебната 2025/2026 година, во четирите средношколски центри во Охрид ќе може да се запишат 783 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ слободни има 204 места за идните средношколци.

Во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ можат да се запишат 143 ученици од кои 109 во економско-правната и трговска струка и 34 во здравствената струка.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има 286 слободни места, во 10 паралелки, според наставните планови и програми за машинство, електротехника и информатички технологии, лични и други услуги, сообраќај, транспорт и складирање.

Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ во прва година може да се запишат 150 ученици во 6 паралелки и тоа во сектор угостителство и туризам.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на Schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни. Доставувањето на потребната документација до училиштата ќе биде на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август.

Младите од Охрид и околните општини можат да направат добар избор на средно образование, бидејќи од четири средни училишта, три нудат стручна едукација, односно паралелки за профили во повеќе различни струки кои се барани на пазарот на трудот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous AЈet почна со сезонски летови од Скопје до Анкара, Чукурова и Дијарбакир во Турција
Next Дива мачка во пештерата Свинска стрна во НП Галичица

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.