Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • На 10-ти октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

На 10-ти октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

1 min read
На 10-ти октомври истекува рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

Скопје, 7. октомври 2025 (ИНПРЕС) – На 10-ти октомври на полноќ истекува рокот за пријавување на болните и немоќни лица за гласање на Локалните избори 2025.

Според Роковникот на Државната изборна комисија, избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место, немоќно или болно лице, а сака да гласа на изборите, треба да ја извести Општинската изборна комисија најдоцна седум дена пред денот определен за гласање, 10 октомври на полноќ. За да се овозможи лицето да гласа во домашни услови, до Општинската изборна комисија треба да биде доставена соодветна медицинска документација.

На 14-ти октомври, пак, истекува рокот за пријавуање на лицата кои сакаат да гласаат на изборите, а кои издржуваат мерка куќен притвор.

Избирачките одбори го спроведуваат гласањето во домовите на болните и немоќни лица и на лицата кои се во домашен притвор. Немоќните или болни лица, лицата во куќен притвор, затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите, односно на 18-ти октомври.

Вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список во Македонија за локалните избори 2025 година изнесува 1 832 415 избирачи. Од овие избирачи, во изводите на Избирачкиот список се запишани 1 717 803 избирачи, додека 112 000 избирачи се запишани во посебниот Избирачки список за лица на привремена работа или престој во странство, 2 162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица. На овие избори не се спроведува гласање во дијаспората. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Крводарителска акција со учениците и вработените од ОСУ „Св. Климент Охридски“
Next Од денеска поевтини и побрзи трансакции во евра, Македонија се приклучи во SEPA

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.