„Нема жена како тебе“ – нова песна на Јоце Панов
December 10, 2025

Скопје, 10. декември 2025 (ИНПРЕС) – „Нема жена како тебе“ е насловена новата песна на Јоце Панов, што веќе предизвика голем интерес кај публиката и на социјалните мрежи.

Песната, која уште од првото слушање освојува со моќна мелодија и емотивна интерпретација, сега доби визуелна приказна што совршено ја надополнува. Музиката е на Бане Опачиќ, препевот на текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Марко Цветковиќ.  „Znas li kako covek voli zenu”” е српската верзија на песната.

Видео спотот е снимен со модерен пристап и динамични кадри кој ја отсликува суштината на песната,безвременската љубов и почитта кон жената. Пораката е: вистинската љубов не може да се спореди со ниту една друга.

Спотот е реализиран од видео продукцијата General Film Studio – Dario Jankovic General, во режија на Ана Марија Јанковиќ.

„Нема жена како тебе“ е песна која зборува за длабока, искрена, па дури и судбинска љубов. Вокалната изведба е полна со страст и чувства, а аранжманот е модерен, со препознатлив балкански звук кој веднаш „влегува во уво”. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива