Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новогодишната забава за дочек на новата 2026 година на плоштадот ќе започне во 20:00 часот

Новогодишната забава за дочек на новата 2026 година на плоштадот ќе започне во 20:00 часот

1 min read
Новогодишната забава за дочек на новата 2026 година на плоштадот ќе започне во 20:00 часот

Охрид, 29. декември 2025 (ИНПРЕС) – Новогодишната забава на 31-ви декември за свечениот дочек на новата 2026 година на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе започне во 20:00 часот со музички-перформанс на DJ Yuxell.

Претходно, од 15:30 часот, за загревање на атмосферата ќе се погрижи DJ Ace.

Од 21:00 часот охриѓани и гостите ќе ги забавува Ѓоко Танески, а од 22:20 часот за веселата атмосфера ќе се погрижи охридската фолк икона Ефто Пупиноски.

Од 23:45 сцената е резервирана за македонската поп ѕвезда Влатко Лозаноски. Новогoдишната забава ќе продолжи и по полноќ со сетот на DJ Bagzi од 01:15 часот.

Инаку Охрид подготвен ги очекува домашните и странските гости кои одлучија новата година да ја дочекаат на брегот на Охридското Езеро. Хотелиерите и угостителите веќе ги прават завршните подготовки за успешен дочек на гостите, а според најавите најбројни ќе бидат туристите од соседството, Србија и Бугарија, а нема да изостанат и домашните гости. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous „Подари компјутер” – хуманитарната акција на Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски“ 
Next Детска претстава и комичното шоу „Солзи и смеа“ денес на „Охридска новогодишна приказна“

Слични вести

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски
1 min read

Успешно заврши оперативниот зафат на охриѓанецот Миле Бежоски

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“ На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“
1 min read

На 20 јуни ќе се одржи шестиот Меѓународен ИТФ натпревар во традиционално теквондо „Ohrid Open 2026“

11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид 11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид
1 min read

11. Меѓународен џудо турнир „Struga Open 2026“ викендов во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.