Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет

Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет

1 min read
Од меѓународниот аеродром во Тирана може да се патува со електронски билет

Тирана, 3. март 2025 (ИНПРЕС) – Меѓународниот аеродром во Тирана конечно го направи реалност она што многу патници се прашуваа зошто тоа не се прави во Албанија, кога тоа е применливо на многу меѓународни аеродроми, а тоа е електронскиот билет, објави на социјалните мрежи управата на аеродромот.

– Не само рекордни бројки и импресивен раст на бројот на патници, аеродромот во Тирана реализира и конкретни инвестиции кои го олеснуваат животот на граѓаните. Патниците кои имаат електронска карта за бординг на телефонот можат да патуваат од меѓународниот аеродром во Тирана до земјите од Шенген зоната без да мора да ја испечатат, пренесуваат медиумите.

На овој начин, меѓународниот аеродром во Тирана продолжува да ги подобрува услугите за да го олесни патувањето. Минатата година преку на овој аеродром регистрирана е рекордна бројка од 10,7 милиони патници, а оваа година ја започна со оптимистички бројки, при што јануари бележи зголемување на бројот на патници за 12 отсто во споредба со јануари минатата година.

Групацијата „Кастрати“ во последните четири години инвестираше околу 100 милиони евра, што донесе значителни подобрувања на целата аеродромска инфраструктура. Најавија дека ќе продолжат со вложувања, со планови за нов терминал од 70.000 квадратни метри, дополнителни подземни паркинг места и модерна фасада. (Крај)

извор: Frontline фото: архива

Post navigation

Previous Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Anora”
Next Езерскиот водостој цели 34 сантиметри под мартовскиот просек

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.