Од 3-ти мај од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и за првпат до Лион
April 28, 2025

Скопје, 28. април 2025 (ИНПРЕС) – Од 3-ти мај од Меѓународниот Аеродром Скопје авиокомпанијата Визер ја враќа редовната авиолинија до Барселона, а истовремено ќе воведе и директна авиолинија до Лион во Франција, најавија денеска ТАВ Македонија и Визер, на заедничка прес-конференција.

До Барселона од Меѓунарониот Аеродром Скопје ќе се лета два пати неделно, секој вторник и сабота, а до Лион, секој вторник, четврток и сабота.

Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции од Владата. По тригодишна пауза повторно ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат, рече Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија. Тој изрази задоволство што Скопје повторно се поврзува со Барселона, а со тоа се исполнува едно повеќегодишно барања на патниците.

За поврзувањето на Скопје – Лион, Курт смета дека оваа нова директна авионска линија не е само нова дестинација туку уште една нова врата кон Франција, кон една богата историја, култура, гастрономија и економска соработка. Со Лион, сега сме поблиску од било кога досега.

Покрај ова, менаџерскиот тим на ТАВ Македонија е во постојани преговори со многу авиокомпании и фокусот е во отворање на нови leisure односно туристички дестинации, со цел земјава да се поврзе со што повеќе туристички места и да ја збогатиме понудата на дестинации.

Во моментов, таргетирани се дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларнака во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.

Анталија, Бодрум, Хургада, Тунис, Рим, Венеција, Сплит, Барселона и Париз остануваат топ-туристички дестинации што се реализираат во летната сезона. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива