Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид со бројни свечености по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Општина Охрид со бројни свечености по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

1 min read
Општина Охрид со бројни свечености по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Охрид, 21. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Со повеќе свечености Општина Охрид и годинава ќе го одбележи 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Утре напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Ќе следат обраќања на претставник од Општина Охрид, авторите, уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и учениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Вечерта од 19:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечената академија по повод празникот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, по што ќе следи богата културно-уметничка програма.

Во четврток, 23-ти октомври, од 10:00 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјата на охридските револуционери. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ДИК: Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг, во 4 прегласување
Next Голем интерес за бесплатна вакцинација против грип во Охрид, досега се имунизирани околу 800 лица

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.