Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид со бројни свечености по повод Илинден

Општина Охрид со бројни свечености по повод Илинден

1 min read
Општина Охрид со бројни свечености по повод Илинден

Охрид, 28. јули 2025 (ИНПРЕС) – Со бројни настани Општина Охрид ќе ги одбележи двата Илиндена, 122 години од Илинденското востание и 81 година од Првото заседание на АСНОМ.

Настаните се и во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.

Програмата започнува во четврток од 19:30 часот во Лапидариумот кај Спомен куќата на Робевци. Ќе биде отворена изложбата „Македонија во светот на хералдиката“, а предвидена е и музичка програма.

Во петок од 20:30 часот, во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, а истиот ден од 21:00 часот кај црквата Св.Илија во селото Рамне ќе се одржат традиционалните Илинденски средби.
Во сабота, на денот на празникот настаните ќе започнат од 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“. Од 11:00 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Со манифестацијата „Ноќ спроти Илинден“ во Велгошти ќе биде одбележан големиот празник Илинден
Next ЈПДП побара уште пари од Министерството за финансии за автопатот Кичево – Охрид

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.