Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската фудбалска надеж Лазар Топаловски и годинава беше дел од кампот на Црвена Ѕвезда во Белград

Охридската фудбалска надеж Лазар Топаловски и годинава беше дел од кампот на Црвена Ѕвезда во Белград

1 min read
Охридската фудбалска надеж Лазар Топаловски и годинава беше дел од кампот на Црвена Ѕвезда во Белград

Охрид, 3. јули 2025 (ИНПРЕС) – Младиот охриѓанец Лазар Топаловски од четири годишна возраст тренира фудбал во охридски клубови, а за неговите вештини со топката интерес покажаа и од Црвена Ѕвезда.

Лазар сега има 9 години и игра во охридскиот ФК „Еврофудбал“, генерација 2016. Има учествувано на бројни турнири, а неговиот тренажен процес се одвива под будното око на тренерите Филип и Љупчо.

Минатата година првпат беше поканет и учествуваше на кампот на ФК „Црвена ѕвезда“, можност и задоволство што го имаше и оваа година. Кампот заврши неодамна, а Лазар го доби признанието МВП во неговата возрасна категорија.

Лазар досега има играно неколку пријателски натпревари во дресот на црвенo – белите, генерација 2016, но и 2015 година, предводени од Ненад Петровиќ. Од српскиот клуб во континуитет ќе ја следат играта и напредокот на охридската фудбалска надеж додека наполни 12 години, по што ќе може да одлучи дали ќе потпише и официјален договор со нив.

Веќе во септември Лазар повторно ќе оди во Белград, каде во период од 15 дена ќе тренира со Црвена Ѕвезда. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Се бара решение за конечно воспоставување функционална и ефикасна Планинска спасителна служба на национално ниво
Next Книжевен хепенинг и детска театарска претстава вечерва на плоштадот „Вангел Наумоски“

Слични вести

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните
1 min read

Лазаревски за InPress и Супер радио: Учествата на Европско или Светско првенство за нас е огромен успех, како федерација сме една од поуспешните

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро
1 min read

Во сабота Меѓународна подводна еколошка акција за чистење на Охридското Езеро

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција
1 min read

Охрид во март го посетиле 13.475 странски туристи, најмногу од Франција, Србија и Турција

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.