Охрид, 25. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Црвен Крст Охрид, и оваа година продолжува со обезбедување на бесплатна социјална услуга лична асистенција на лица со попреченост.
– Целта на услугата е да се овозможи подобар квалитет на живот за лицата со попречености, преку индивидуализиран пристап кој обезбедува поддршка во секојдневните активности, како и промовирање на социјална инклузија и самостојност на корисниците. Оваа значајна услуга се реализира благодарение на поддршката од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Македонија, информираат од Црвен крст Охрид.
Со имплементација на оваа услуга, Црвен Крст Охрид продолжува да придонесува за еднакви можности за сите граѓани на Охрид и Дебрца, создавајќи услови за повисоко ниво на социјално учество и интеграција на лицата со попречености во заедницата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







