Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски каратисти дел од македонската репрезентација на Балканско првенство во Хрватска

Охридски каратисти дел од македонската репрезентација на Балканско првенство во Хрватска

1 min read
Охридски каратисти дел од македонската репрезентација на Балканско првенство во Хрватска

Охрид, 6. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Охридски каратисти се дел од Македонската младинска карате репрезентација и ќе се натпреваруваат на Балканско првенство за кадети, јуниори и У21 што од утре ќе се одржува во Риека, Хрватска.

Боите на градот и државата ќе ги бранат Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Наум Велески и Козма Митревски од карате клуб „Кун-су-то” Охрид и Мартина Петреска од карате клуб „Чоле Охрид”.

Македонската младинска карате репрезентација е составена од 74 спортисти. На ова балканско првенство за кадети, јуниори и У21 учествуваат 1.230 натпреварувачи од 13 држави на Балканот. Нашите спортисти ќе имаат можност да ја прикажат својата посветеност, техника и спортски дух пред голем број гледачи и професионалци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Во сабота хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо
Next Детската куклена претстава „Застани, погледни, па на пешачки премини” вечерва во Ohrid Mall

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.