Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридски крводарители бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност

Охридски крводарители бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапоцената течност

Охрид, 2. октомври 2025 (ИНПРЕС) – Охридски крводарители се жалат и бараат поголеми капацитети и подобри услови при дарување на скапочената течност во Одделението за трансфузиологија во Охрид.

Охридскиот водител Жанко ЗШ Голабоски е еден од оние кои редовно даруваат крв, што самоиницијативно, што како дел од поголеми акции. Тоа го направи и денес, заедно со уште неколку крводарители.

Со задоволство потенцираат дека од докторите и медицинскиот персонал се и повеќе од задоводлни, но од условите не. Бараат достојни услови за ваквиот хуман чекор што го прават, да не се чека долго време за давање крв и споредуваат со состојбата во другите градови каде опременоста и условите биле многу подобри.

– Пред неколку години крв дарувавме што се вели во подрум со супстандардни услови со искршени плочки и мувла, а креветите се посебна приказна. Сега е обезбедена друга просторија, но има само две т.н ваги. Кога ќе се упати поголема група луѓе заинтересирани за дарување крв или кога се прават акции се создава гужва, се чека многу, потенцира Голабоски.

Додава дека од негово искуство некогаш се правеле акции со поголеми групи, клубови итн.. но поради недостатокот на т.н ваги веќе се намалува интересот кај поголеми групи за крводарување.

Крводарителите апелираат до надлежните да се преземат итни мерки за подобрување на ваквата состојба, да се набават ваги и соодветен инвентар за достојно спороведување на идните акции. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/архива

Post navigation

Previous Превртен глисер пред кружниот тек на улица „7-ми ноември“ предизвика застој во сообраќајот (Фото)
Next Mакедонската репрезентација во традиционално таеквондо ќе учествува на Светско првенство во Италија

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.