Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид во мај го посетиле 28.976 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Франција

Охрид во мај го посетиле 28.976 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Франција

1 min read
Охрид во мај го посетиле 28.976 странски туристи, најмногу од Турција, Германија, Србија и Франција

Охрид, 11. јули 2025 (ИНПРЕС) – Во текот на месец мај Охрид го посетиле вкупно 41.096 туристи, од кои 12.120 биле домашни, а 28.976 се странски.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата изнесува 75.263. Во однос на структурата на странските туристи најмногубројни биле Турците 6.050, следуваат гостите од Германија 5.226, Србија 2.164, Франција 2.090, Холандија 1.164, Велика Британија 1.134…

На ниво на Република Македонија во мај ја посетиле вкупно 130.739 туристи, од кои 29.277 биле домашни, а 101.462 странски. Биле остварени вкупно 231.313 ноќевања.

Во периодот јануари-мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 16.3 %, кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 23.6 %. Во периодот јануари-мај 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 12 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.3 %, а кај странските има зголемување за 18.7 %. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Предизвиците со кои се соочува Охрид, статусот под УНЕСКО, реализација на ЕУ проекти во фокусот на средбата Пецаков – Рокас
Next Во мај во Охрид издадени 10 одобренија за градба, во Струга ниту едно, во Дебрца 5

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.