Охрид, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – И во четвртиот квартал од 2024 година во Охрид продолжил негативниот природен прираст.
Според податоците на Државниот завод за статистика во месеците октомври, ноември и декември се родиле 111, а починале 167 лица, односно се бележи прираст од -56.
И соседната Општина Дебрца бележи негативен прираст, се родиле 3, а починале 18 лица. Струга пак и во четвртиот квартал бележи позитивен прираст, се родиле 119, а починале 115 лица.
Што се однесува до бројот на склучени бракови, во Охрид судбоносното „да“ го кажале 56 двојки, а имало 14 разводи. Во Струга во анализираниот период се склучиле 75 бракови, а евидентирани се 12 разводи. Во Дебрца не се евидентирани склучени бракови и разводи.
На државно ниво во четвртиот квартал имао 3 968 живородени деца, а починале 5 174 лица, со што се бележи негативен прираст од -1 206. Во анализираниот период споредено со истиот од 2023 година се бележи намалување на бројот на склучени бракови и раст во бројот на разводи. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива