Охрид, 27. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Утревечер на репертоарот на Народен театар Охрид е претставата „Кумови“ од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин.
Играат актерите Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска Петреска, сценографијата на Татјана Христоска Бажевска, а костимите на Марија Пупуческа.
Почетокот на претставата е во 20:00 часот. Билети се продаваат на билетарата при Центарот за култура по цена од 300 денари секој работен ден од 10:00 до 17.00 часот и од 13:00 до 20:00 часот на денот на изведбата на претставата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
