October 18, 2016

Воден, 18. октомври 2016 (ИНПРЕС) – „Македонија била, е и ќе остане грчка“, изјави грчкиот претседател Павлопулос и им порача на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи.

Павлопулос пораката ја испрати од Воден, каде што на свечена церемонија по повод ослободувањето на градот од Турците, беше прогласен за почесен граѓанин на Воден.

Според него, Македонија ги крши европските закони, па не може да смета на евроинтеграција, зашто, како што вели, „не ги задоволува дури ни европските институционални принципи“.

На истата церемонија тој испрати порака и до Анкара, изјавувајќи дека „Грција е турскиот прозорец кон Европа“ и дека за интеграцијата на Турција е потребно почитување на историјата и на меѓународните закони. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: Мкд.мк