Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Балкан
  • Павлопулос со нови провокации: Ќе го бранам грчкиот идентитет на Македонија

Павлопулос со нови провокации: Ќе го бранам грчкиот идентитет на Македонија

1 min read

Солун, 24. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос повторно се огласи со провокативни изјави за Македонија, овојпат од Солун со порака дека ќе го брани грчкиот идентите на Македонија и дека “никој нема право да бара работи што не му припаѓаат“.

Прокопис зборувал за потребата од одбрана на докажаниот грчки идентитет на Македонија и им упатил порака на „присвојувачите и фалсификаторите“ на историјата за време на церемонијата на која бил прогласен за почесен граѓанин на Општината делта, јавува „Грикрепортер“.

– Никој нема право да присвојува работи што не им припаѓаат. Не можете да пишувате за историски настани што никогаш не се случиле со крадење на историјата на други луѓе. Им подаваме рака на пријателство на нашите соседи, но никогаш нема да другите да им го препуштиме она што ни припаѓа нам, изјавил павлопулос.

Церемнонијата е дел од одбележувањето на 104-та годишнина од ослободувањето на градот Халастра во 1912 година што и овозможило на грчката армија да влезе во Солун пред бугарските војници. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Post navigation

Previous Грчките граѓани се за решение на спорот за името, но без терминот Македонија
Next Земјотреси во Грција, Албанија и Турција

Слични вести

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

Црна Гора забрани мобилни телефони во училиштата

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна
1 min read

29 години од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во Босна

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет
1 min read

Албанската влада размислува целосно да ги забрани Тик-ток и Снепчет

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.