Солун, 24. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос повторно се огласи со провокативни изјави за Македонија, овојпат од Солун со порака дека ќе го брани грчкиот идентите на Македонија и дека “никој нема право да бара работи што не му припаѓаат“.
Прокопис зборувал за потребата од одбрана на докажаниот грчки идентитет на Македонија и им упатил порака на „присвојувачите и фалсификаторите“ на историјата за време на церемонијата на која бил прогласен за почесен граѓанин на Општината делта, јавува „Грикрепортер“.
– Никој нема право да присвојува работи што не им припаѓаат. Не можете да пишувате за историски настани што никогаш не се случиле со крадење на историјата на други луѓе. Им подаваме рака на пријателство на нашите соседи, но никогаш нема да другите да им го препуштиме она што ни припаѓа нам, изјавил павлопулос.
Церемнонијата е дел од одбележувањето на 104-та годишнина од ослободувањето на градот Халастра во 1912 година што и овозможило на грчката армија да влезе во Солун пред бугарските војници. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива
