Охрид, 25. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Пет апликации за највисокото општинско признание, наградата – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” и 10 за повелбите пристигнале до Општина Охрид по објавените конкурси за 2025 година.
Комисија ќе ги разгледува пристигнатите предлози и ќе треба да донесе одлука за добитниците најдоцна до 7- ми декември, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната.
Конкурси за доделуавање на награда и повелби се објавуваат секоја година, по повод 8. Декември, „Св. Климент Охридски“. Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Се доделува на еден добитник, само еднаш. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година, а може да се додели максимум на пет добитници.
Минатата година д-р Павле Митрески годиби најпрестижното општинско признание, наградата Патрон на градот Св. Климент Охридски, додека добитници на повелби беа Клубот за подводни дејности Охрид и Здружението на граѓани НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







