Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Пет апликации за општинска награда и десет за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Пет апликации за општинска награда и десет за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

1 min read
Пет апликации за општинска награда и десет за повелбите – Патрон на градот „Св. Климент Охридски“

Охрид, 25. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Пет апликации за највисокото општинско признание, наградата – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” и 10 за повелбите пристигнале до Општина Охрид по објавените конкурси за 2025 година.

Комисија ќе ги разгледува пристигнатите предлози и ќе треба да донесе одлука за добитниците најдоцна до 7- ми декември, информираат за Супер радио и OhridPress од локалната.

Конкурси за доделуавање на награда и повелби се објавуваат секоја година, по повод 8. Декември, „Св. Климент Охридски“. Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот. Се доделува на еден добитник, само еднаш. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година, а може да се додели максимум на пет добитници.

Минатата година д-р Павле Митрески годиби најпрестижното општинско признание, наградата Патрон на градот Св. Климент Охридски, додека добитници на повелби беа Клубот за подводни дејности Охрид и Здружението на граѓани НАТГ „Аматер“ од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Отворен зелен телефон за пријавување проблем со селекција на отпад
Next Одлични резултати на охридските стрелци на четвртиот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.