Охрид, 10. март 2025 (ИНПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна), дел од Булевар „Туристичка“ и дел од „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН од пресекот со улицата „Абас Емин“), информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.
Нивни екипи се на терен до целосно завршување со интервенцијата. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес