October 15, 2016

Скопје/Атина, 15. октомври 2016 (ИНПРЕС) – Повеќе од половина милион туристи од Македонија ја посетиле Грција во првите шест месеци од годинава.

Според бројките на грчката Народна банка за периодот од јануари до јуни во Грција се регистрирани 574.600 туристи од Македонија.

Македонските туристи се на четврто место на најбројни туристи, по туристите од Велика Британија, Германија и Бугарија. Профитот од македонските туристи во првите шест месеци е 59 милиони евра, а регистрирани се 1.312.000 ноќевања во Грција.

Статистиката на грчката Народна банка покажува намалување на бројот на македонски туристи годинава во споредба со лани. Според статистиката бројот на македонски туристи од јануари до јуни годинава е за 27,7 отсто помал во споредба со истиот период лани, кога во Грција имало 794.600 туристи од Македонија. Поради ова има пад од 13,4 отсто во бројот на ноќевања. (Крај)

извор: Мета фото: архива