Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Поради протекување од крмата, Лушо го промени курсот на главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“

Поради протекување од крмата, Лушо го промени курсот на главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“

1 min read
Поради протекување од крмата, Лушо го промени курсот на главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“

Струга, 16. декември 2025 (ИНПРЕС) – Во тек е главниот дел од легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, на која учествува стружанецот Ердал Лушо.

Според последните пораки што ги оставил, се соочил со нестабилно време со бранови, но и мирни води, открил протекување од крмата што првично го сервисирал, но бидејќи немало подобрување, одлучил да го промени курсот кон Зеленортските острови за брзи поправки.

– Два дена бура, два дена мир. Конечно се движам Едвај чекам да влезам во ветрови и повторно да почнам да уживам во возењето. Ова протекување ме мачи. Сè уште не можам да најдам од каде точно доаѓа. Не е многу, но треба често да проверувам и да чистам со сунѓер. Одлуката е донесена! Безбедноста е на прво место. Протекувањето не се подобрува, курсот е променет за брзи поправки, на половина пат сум до cape verde, напиша Лушо.

Вкупно 8 натпреварувачи кои ги поминаа елиминациите, меѓу кои и Лушо, пловат сами 40 дена во обид да го преминат Атлантикот, од Португалија до Карибите. Стружанецот Ердал Лушо ја финишира првата етапа на SAC-25, од Португалија до Канарските острови на третото место, со време од седум дена и 39 минути.

Напредокот можете да го следите ОВДЕ.

Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Настан посветен на миленичињата „Љубовта ни е заедничка“ во OhridMall
Next Утревечер премиера на театарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид

Слични вести

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика
1 min read

Чеменкоски за InPress и Супер радио: Да се потрудиме максимално да си ја сочуваме и негуваме нашата македонска музика

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“ Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Показна вежба за подигнување на подготвеноста во случај на несреќи утре во ООУ „Св.Климент Охридски“

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.