Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

1 min read
Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Охрид, 30. април 2026 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро е во рамки на просекот за месец април.

Според денешните мерења, нивото на водата е на кота од 693,57 м.н.в, што е просечно ниво за овој месец и 47 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в).

Во текот на месецов се бележеше константно намалување на езерскиот водостој, а неделава падна и под априлкиот просек. Во првата половина на минатиот месец  езерскиот водостој беше многу блиску до максималната граница 693,75 м.н.в, по што во континуитет се бележеше намалување.

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и услови за локален дожд и изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 15 степени.

– Под влијание на влажна и постудена воздушна маса денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (од 15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Од петок до крајот на неделава ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина од 60 km/h. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од понеделник следува стабилизирање на времето и пораст на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода
Next Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Слични вести

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк
1 min read

Охриѓаните Александар Гавриловски и Гала Булатовиќ освоија прва награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапат во Њујорк

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Атлетичарот Јован Стојоски со нов државен рекорд на 400 метри со пречки

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.