Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ утре во охридската библиотека

Предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ утре во охридската библиотека

1 min read
Предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ утре во охридската библиотека

Охрид, 3. март 2025 (ИНПРЕС) – Утре во охридската библиотека „Григор Прличев“ предавање на тема „Дијабетично стапало, дијагноза и превенција“ ќе одржи д-р Арсо Митрески.

– Шеќерната болест го забрзува затнувањето, односно артериосклерозата на крвните садови во мозокот, очите, срцето, бубрезите и во нозете. Пациентите со дијабетес тип 1 почесто имаат оштетувања на малите крвни садови (микроангиопатија) во очите и бубрезите, а оние со тип 2 на поголемите крвни садови (макроангиопатија) во мозокот, срцето и нозете, соопштија организаторите.

Предавањето ќе започне во 12:00 часот и е отворено за сите заинтересирани граѓани, а д-р Митрески ќе одговара на прашања на присутните.

Организатор на настанот е Здружението на лица со дијабет „Охрид“, кое деновиве потпиша меморандум за соработка со библиотеката. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Утре започнуваат Рамазанските пости
Next Доделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Anora”

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.