Премиера на претставата „Белото циганче“ на драмското студио „Миладин“
May 8, 2025

Струга, 8. мај 2025 (ИНПРЕС) – Во недела, 11-ти мај членовите на Драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја извдедат претставата „Белото циганче“, во режија на Ристе Миладин.

– После бројните филмски изведби, „Белото циганче“ пристигнува и во Струга преку драмското студио „Миладин“. Билетите се во ограничен број, затоа не двоумете се и обезбедете си навреме, велат организаторите.

Претставата ќе се одигра во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 19:00 часот. Билетите се по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива