Охрид, 2. јули 2025 (ИНПРЕС) – „Приказ на животот преку виното“ е насловена изложбата на охриѓанката Данче Наумоска, со што ќе одбележи 25 години уметност на бакар.
Присутните ќе бидат дел од една уникатна визуелна приказна за животот низ симболиката на виното, природата и бакарот.
Наумоска на овој начин ќе прослави четврт век посветеност, уметност и приказна вткаена во металот.

Изложбата ќе биде отворена во петок, 4-ти јули од 19:00 часот во Гимназијата „Св. Климент Охридски“.
Данче Наумоска е единствен занаетчија во Охрид што се занимава со изработка на врвни уметнички дела од бакар, а занаетот го наследила од нејзиниот татко. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
