Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Национален парк Галичица

Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Национален парк Галичица

1 min read
Продолжува соработката меѓу Црвен крст Охрид и Национален парк Галичица

Охрид, 8. јули 2025 (ИНПРЕС) – Продолжува повеќегодишната плодна соработка меѓу Црвен крст Охрид и ЈУ Национален парк Галичица.

Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денеска Црвен крст Охрид ѝ предаде на јавната установа по 10 заштитни шлемови, заштитни визири компатибилни со шлемовите и работни одела.
Покрај опрема за паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за дестчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе пружа поддршка во справувањето со шумски пожари на Галичица.

Опремата е набавена во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT. Проектот го спроведуваат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ во соработка со ЈУ Национален парк Галичица. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водостојот на Охридското Езеро е на 14 сантиметри под просекот за јули
Next Прекин во водоснабдувањето во стариот дел од село Велгошти до 14:00 часот

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.