Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Работилница „И ти можеш да бидеш хероина“ утре во Црвен крст Охрид

Работилница „И ти можеш да бидеш хероина“ утре во Црвен крст Охрид

1 min read
Работилница „И ти можеш да бидеш хероина“ утре во Црвен крст Охрид

Охрид, 28. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Во пресрет на 5-ти декември, Светскиот ден на волонтерството, утре од 12:00 чаот во просториите на Црвен крст Охрид ќе се реализира многу интересна и инспиративна работилница со наслов „И ти можеш да бидеш хероина“, на која ќе се потенцира можноста и важноста од учество на жените во волонтерски противпожарни активности.

Работилницата е во рамки на соработката на Црвен крст Охрид со Операција Флориан (Operation Florian) од Манчестер, Англија и има за цел да придонесе за зајакнување на капацитетите на волонтерските противпожарни служби во Македонија преку идентификување, поттикнување и поддршка на жените за нивно активно учество како волонтерски пожарникари, а преку градење на родова еднаквост и социјална инклузија.

– Можностите за вклучување на жените во волонтерски противпожарни активности се ограничени, а жените се соочуваат и со структурни и општествени бариери во нивното остварување. Оваа работилница е можност да се дојде до емпириски информации кои ќе помогнат понатаму да се креираат соодветни настани за подигање на јавната свест и дизајнирање долгорочно стратешко планирање и комуникација за вклучување на жените во волонтерската противпожарна служба. Ги покануваме и охрабруваме припадничките на понежниот пол да ја искористат можноста да бидат дел од оваа работилница каде ќе ја почувствуваат силината на волонтеризмот и бидат поддршка за сите жени кои секојдневно избираат храброст, велат од охридскиот Црвен крст.

Работилницата ќе ја водат реномирани професорки од Англија, кои доаѓаат од некои од престижните универзитети во светот: Northumbria University Newcastle и The University of Manchester Global Devolopment Institute. Нивните знаења, искуства и глобални перспективи ќе ни помогнат да го разбереме значењето и потенцијалот на женската вклученост во хуманитарните и противпожарните волонтерски активности и ќе нè инспирираат да создадеме посилни, поодговорни и побезбедни заедници.

За работилницата ќе биде обезбедено превод на македонски јазик.

Операција Флориан (Operation Florian) е основана 1995 година како хуманитарна доброволна организација на британските противпожарни и спасителни служби и работи на промоција на заштита на животот меѓу заедниците во потреби, ширум светот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Дарио со нова моќна балада: „Ковчег со злато“ е песна за вистинската среќа во животот
Next Културата расте со децата „За сите деца“: Денес ќе се игра детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.