Охрид, 25. јуни 2025 (ИНПРЕС) – Се подготвува локацијата на која од утре до сабота со богата музичка програма за охриѓани и туристите ќе се одржи четвртото издание на Ohrid Wine Festival.
Сцената е веќе поставена, а во тек е поставувањето на штандовите на винариите учесници.

На кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Палас“ утревечер ќе настапат Тамара, Brass brothers, Backdoor band и Dj Gec, во петок, сцената е резервирана за „Куку Леле“, Дац и Александар, „Пауза за ракија“, Dj Nasty и Urban planet. Во сабота, на третиот фестивалски ден, за забавата ќе бидат задолжени Влатко Лозановски, „Ареа“, „Kамелеон“ и Dj Jana.
Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес






