Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Во охридските средни училишта запишани се 455 полуматуранти, слободни се уште 328 места

Во охридските средни училишта запишани се 455 полуматуранти, слободни се уште 328 места

1 min read
Во охридските средни училишта запишани се 455 полуматуранти, слободни се уште 328 места

СОСУ Св Кирил и Методиј Орхид Економско средно училиште

Охрид, 24. јуни 2025 (ИНПРЕС) – По првото пријавување во јунскиот уписен рок во четирите средношколски центри во Охрид се запишаа вкупно 455 полуматуранти.

Во Општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“ во прва година се запишаа 114 ученици, во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ запишани се 115 ученици, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ 190 и во РЦСОО „Ванчо Питошески“ 36 деветтоодделенци.

За второто пријавување во јуни во сите училишта слободни се вкупно 328 места.

Во охридската Гимназија преостанати се 90 места, предвидената квота во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг е веќе пополнета, а има слободни уште 24 места за образовниот профил економски техничар и 4 за медицинска сестра. Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ има слободни 96 места, а веќе е пополнета квотата за профилот техничар за патен сообраќај. Во РЦСОО „Ванчо Питошески“ има слободни уште 114 места.

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30-ти јуни од 00:00 до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 1-ви јули од 10:00 до 19:00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја
објавува на 2-ри јули, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21-ви август. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Од 16-ти до 30-ти август ќе се одржи третото издание на Ohrid water festival
Next Се подготвува локацијата за четвртото издание на Ohrid Wine Festival

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.