Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Со настапите на Пука козметика, La Murga Armada, Лозано и Brass Brothers вечерва започнува Вевчанскиот карневал

Со настапите на Пука козметика, La Murga Armada, Лозано и Brass Brothers вечерва започнува Вевчанскиот карневал

1 min read
Со настапите на Пука козметика, La Murga Armada, Лозано и Brass Brothers вечерва започнува Вевчанскиот карневал

Вевчани, 12. јануари 2026 (ИНПРЕС) – Со настапите на Пука козметика, La Murga Armada, Лозано и Brass Brothers вечерва започнува годинашниот Вевчански карневал. Музичката програма ќе започне од 20:00 часот.

Вевчанскиот карневал е најпознатиот бренд на Република Македонија од овој вид, кој традиционално се одржува на 12-ти, 13-ти и 14-ти јануари. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Денес карневалот е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи.

Маските се централниот елемент на Вевчанскиот карневал и најпрепознатливиот дел од традицијата. Тие не се изработуваат случајно, ниту пак се користат само за визуелен ефект. Секоја маска носи порака, став или критика кон општеството, политиката или секојдневниот живот.

Посебна карактеристика на вевчанските маски е нивната актуелност. Тие секогаш се инспирирани од настани и појави што ја одбележале изминатата година, што му дава на карневалот улога на жив хроничар на времето.

Преку сатира и хумор, вевчанските маски зборуваат за политиката, општествените појави и секојдневните апсурди. Тие често предизвикуваат смеа, но и размислување. Изработката на маските е сложен и креативен процес, кој вклучува рачна работа и оригинални идеи, што ја прави секоја маска уникатна.

Маските по традиција се чуваат во тајност, сé до дефилето на двете василичарски друштва од Горна и Долна маала, што ќе се одржи утре, кога цело Вевчани станува еден голем театар на отворено и сета енергија на василичарите се впива во преубава атмосфера. Вечерта за одлична забава ќе се погрижат Благоја Грујовски, Влатко Миладиновски и оркестарот на Златко Миладиновски, оркестар со зурли и тапани „Вевчани“, Перо Бели и група „Вип“.

Манифестацијата завршува во среда со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЦУК: Реката Сушица е под контрола, сè уште има поплавени подрумски простории и дворови на повеќе локации
Next Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во 2025 година бележи пораст од високи 20%, дневно патувале 767 патници

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.