Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стартува новата авиолинија Скопје – Париз на компанијата easyJet

Стартува новата авиолинија Скопје – Париз на компанијата easyJet

1 min read

Скопје, 2. април 2025 (ИНПРЕС) – Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз.

Утрово на Меѓународниот аеродром Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродромот Орли до Скопје на авиокомпанијата easyJet, информира министерот за транспорт Александар Николоски.

– Ова е уште една можност за подобра комуникација и поврзување на Македонија со европските земји и европските метрополи. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи, вели Николоски.

– Патниците од Македонија сега имаат полесен пристап до Париз и понатаму во Европа, додека патниците кои од Париз ќе слетуваат во Македонија ќе имаат можност да ги истражуваат богатата историја, прекрасните пејзажи и живописната култура на земјава, велат од ТАВ Македонија.

На оваа релација ќе се лета два пати неделно, во среда и сабота и истата е воведена како резултат на финансиската поддршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Решение за доделување ученички и студентски стипендии, како и за магистерски и докторски студии за лица со ретки болести и посебни потреби
Next Центарот за култура „Григор Прличев“ добива 3 320 000 денари од министерство за реализација на програмата, театарот ќе реализира три премиери

Слични вести

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк
1 min read

Охриѓанецот Петар Гавриловски освои втора награда на International youth music competitions во САД, во септември ќе настапи во Њујорк

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Вториот  турнир од Јадранската текбол лига утре во Охрид, ќе учествува и охриѓанецот Димитар Пејчиновски

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти
1 min read

Почнува уписот во средните училишта, во Охрид може да се запишат 697 полуматуранти

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.