Струга, 10. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Доколку временските услови дозволат за утре е закажан официјалниот старт на легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“ на која ќе уќествува стружанецот Ердал Лушо.
Тој неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои ќе бидат дел од трката каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите.

– Успешно ги завршив квалификациите за Setka Atlantic Challenge 2025. Од вкупно 18 учесници, само 8 успеавме да ги поминеме елиминациите. Потребните 450 наутички милји ги испловив во две етапи, со што вкупно минав повеќе од 650 наутички милји, рече неодамна Ердал.

Напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговатавеб страна, преку whydonate можете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.
Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)
извор: ИнПрес фото: Ердал Лушо







