Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Стружанецот Ердал Лушо и уште 7 натпреварувачи во исчекување на подобри временски услови за старт на „Светскиот предизвик на Атлантикот“

Стружанецот Ердал Лушо и уште 7 натпреварувачи во исчекување на подобри временски услови за старт на „Светскиот предизвик на Атлантикот“

1 min read
Стружанецот Ердал Лушо и уште 7 натпреварувачи во исчекување на подобри временски услови за старт на „Светскиот предизвик на Атлантикот“

Струга, 14. ноември 2025 (ИНПРЕС) – Учесниците на легендарната трка „Светски предизвик на Атлантикот“, меѓу кои е и стружанецот Ердал Лушо, се во исчекување на подобри временски услови и датумот за старт на предизвикот.

Тие треба да пловат сами неверојатни 40 дена, во обид да го преминат Атлантикот, од Португалија до Карибите.

Од вкупно 18 учесници, само 8 успеаа да ги поминат елиминациите. Натпреварувачите од Лисабон отпловија до Сагреш избегнувајќи ги орканските ветрови, а моментално се наоѓаат во Портимао. Прогнозата деновиве не ветуваше многу, со ветар и силен дожд, но охрабруваат најавите дека од недела, 16 ноември, временските услови ќе се подобрат.

За потсетување Лушо со неговата едрилица „Пиксел“ неодамна успеа да ги изедри неопходните 400 наутички милји без престан и се квалификува за место помеѓу ретките луѓе во светот кои ќе бидат дел од трката, каде сам ќе плови неверојатни 40 дена, во обид да го премине Атлантикот, од Португалија до Карибите. Лушо уверува дека е подготвен за оваа авантура што ќе го впише во историјата како првиот македонец што самостојно се впуштил во пловење преку Атлантскиот океан.

Напредокот можете да го следите на неговиот профил на Instagram, неговата веб страна, преку whydonate можете и да го поддржите неговиот подвиг, а дел од средствата ќе бидат наменети и за поддршка на локалниот едриличарски клуб во Струга, ЕК „Снегар“, за купување на чамци и опрема потребни за одржување на едрењето за младите од градот.

Супер радио и InPress ќе го следат неговиот подвиг, а на Ердал му посакуваме многу среќа и мирно море со толку ветер колку што е потребно за неговиот Пиксел сигурно и брзо да стигне до Карибите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Таеквондисти на МТТФ ќе учествуваат на „Бугарија Опен 2025“ во Пловдив
Next Пет медали за веслачите од „Горица Ремо“ на Struga Open Ergo 2025

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.