Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

1 min read
Течат подготовките за матурската парада, ќе се одржи на 21-ви мај

Охрид, 8. мај 2025 (ИНПРЕС) – Течат подготовките за годинашната матурска парада, што ќе се одржи на 21-ви мај точно напладне, на градскиот плоштад.

На овој, веќе традиционален настан ќе учествуваат над 400 матуранти од сите охридски средни училишта кои ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”.

И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се грижи професорката м-р Катерина Стојаноска.

– Подготовките за квадрилот течат во најдобар ред. Обучени се сите матуранти, ни преостануваат само уште заедничките проби кои ќе се одржат во наредниов период. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа порака за мир и толеранција, вели за Супер радио и InPress професорката Стојаноска.

Заедно со нашите матурани,во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана.

„Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век исе изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Околу 500 учесници беа дел од хуманитарната трка „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани”
Next Премиера на претставата „Белото циганче“ на драмското студио „Миладин“

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.