Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Традицијата продолжува: Во вторник во Лагадин ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Традицијата продолжува: Во вторник во Лагадин ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Традицијата продолжува: Во вторник во Лагадин ќе се одбележи празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Охрид, 25. септември 2025 (ИНПРЕС) – По повод празникот Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните верници од Охрид, во вторник традиционално ќе се соберат на црковно народен собир пред црквата во туристичката населба Лагадин.

Богослужбата ќе започне во 13:00 часот.

Охриѓанецот Љупчо Патче ја изгради црквата во Лагадин по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој ден, верниците палат свеќи оддавајќи почит кон четирите маченички и молејќи се за здравје и благосостојба на нивните блиски.

Трите сестри Љубов, Вера и Надеж и нивната мајка Софија заради својата вера и љубов кон Христа биле погубени. Тие живееле во првата половина на вториот век по Христос за време на владеењето на императорот Хадријан. Во овој период врз христијаните биле вршени големи прогони. Таа судбина ги снашло и Софија и нејзините три ќерки Љубов, Вера и Надеж. Биле измачувани затоа што одбиле да принесат жртви пред идолот на Артемида. Трите сестри биле измачувани пред очите на нивната мајка за потоа да им бидат отсечени главите.

Мајката Софија ги погребала телата на своите три ќерки и откако поминала три дена и ноќи во молитви над нивниот гроб, го предала својот дух на Бога. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Пожарникарите интервенираат на запалена плевна во населба „Црногорци“
Next Кандидатите за градоначалник на Општина Охрид утре ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.