Охрид, 10. март 2025 (ИНПРЕС) – Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.
Рокот за регистрирање и ажурирање истекува на 15-ти март.
– Вашата регистрација или ажурирање можете да ги извршите секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид, информираат од локалната самоуправа. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
