Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Уште едно успешно фестивалско изданиe – спуштена завесата на осмото издание на Beach Film Festival

Уште едно успешно фестивалско изданиe – спуштена завесата на осмото издание на Beach Film Festival

1 min read
Уште едно успешно фестивалско изданиe – спуштена завесата на осмото издание на Beach Film Festival

Охрид, 29. јули 2025 (ИНПРЕС) – Со проекции на над 60 современи европски филмови, мастер-класови, дискусии и жив фестивалски дух покрај езерото, заврши осмото издание на фестивалот на нов европски филм Beach Film Festival што се одржа во Охрид.

Ова издание беше посебно и по хуманитарниот карактер, сите средства од продажба на билети ќе бидат донирани за погодените семејства и повредените од трагедијата во Кочани.

Програмата се одвиваше на четири локации низ Охрид, на плажите Славија и Сараиште, брод „Армада“ и Младинскиот центар.

На свеченото затворање, жири-комисијата во состав Хуан Албарацин (режисер, сценарист), Патрик Бихтинг (режисер, продуцент), Танасис Неофотистос (режисер, писател) и Нејтан Силвер (режисер), ја додели наградата за најдобар долгометражен филм на македонско-грчката продукција „Киука – пред летото да заврши“, во режија на Костис Харамуданис.

Наградата за најдобро актерско остварување ја доби полската актерка Нел Качмарек за улогата во филмот „Губење рамнотежа“ („Loss of Balance“), додека наградата за најдобар краткометражен филм беше поделена меѓу два филма – „Мала шега“, во режија на Трифун Ситниковски и „Зајак“, во режија на Ханис Багашов.

Студентската селекција, за првпат оваа година, беше оценувана од младо жири составено од Иво Георгиески, Агнес Лахтова и Димитриј Мартиновски. Наградата за најдобар студентски филм ја доби норвешкиот „Чекање“ („The Wait“), во режија на Вилја Кескимаки.

Во рамки на фестивалот беа одржани четири мастер-класови со членовите на жирито, како и панел-дискусија на тема „Филмот како образовна алатка во училишта и при работа со млади“. Атмосферата секоја вечер беше збогатена со музичка програма на плажа Славија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous ЈПДП побара уште пари од Министерството за финансии за автопатот Кичево – Охрид
Next Бесплатен скрининг за хепатитис Б, Ц и ХИВ во петок во Охрид и Струга

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.