Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Фестивалот „Макфест“ слави 40 години, ќе се одржи од 23-ти до 25-ти октомври

Фестивалот „Макфест“ слави 40 години, ќе се одржи од 23-ти до 25-ти октомври

1 min read
Фестивалот „Макфест“ слави 40 години, ќе се одржи од 23-ти до 25-ти октомври

Штип, 13. октомври 2025 (ИНПРЕС) – На 23-ти, 24-ти и 25-ти октомври ќе се одржи јубилејното издание на фестивалот „Макфест“ во Штип.

Не е изненадување што оваа година „Макфест“ ќе трае три вечери, бидејќи  година по година фестивалот дотурка да го слави 40-годишниот јубилеј. Оттаму и идејата во Штип да се пее три дена, за да може да се потсетиме и на хитови од минатите години, што ќе останат за навек.

– Покрај вообичаените две, годинава ќе има и трета вечер, која ќе биде вечер на познати хитови од „Макфест“. Песните не мора да се победнички, но песни од сите четири декади на фестивалот. На оваа вечер гости ќе бидат Тања Кочовска, „Силви бенд“, Питер Џон Босе, Владо Јаневски, Сашо Гигов Гиш, Ристо Самарџиев, Мики Јовановски Џафер, Ламбе Алабакоски, Пајак и Лара и многу други, вели Јован Јованов.

Фестивалот и годинава е од ревијален карактер, а ќе биде доделена само награда за најслушана песна меѓу двата фестивала.

– На прес конференцијата ќе бидат најавени регуларните учесници. Од тогаш на социјалните мрежи ќе бидат пуштени рефрените од новите песни, вели Јованов.

Фестивалот традиционално ќе се одржи во Домот на културата во Штип. На оваа сцена во регуларните вечери ќе се појават нови, но и добро пејачки имиња.

– На првата, дебитантска вечер ќе настапат 13 изведувачи, додека на втората, популарна вечер ќе настапат 14 изведувачи. Опфатени се сите жанрови и стилови на музика за да биде поинтересно за сите љубители на макфестовската музика, да може сите да уживаат и да си најдат свој фаворит. Едноставно музика за сите генерации, вели уметничкиот директор Роберт Саздов.

МТВ ќе врши директен пренос од сите три вечери. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Еден златен и два сребрени медали за учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на Меѓународниот натпревар GATUS 2025
Next Последна недела кампања за локалните избори

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.