Скопје/Охрид, 6. август 2025 (ИНПРЕС) – Овој јули во однос на ланскиот цените на угостителските услуги пораснале за 5%, објави Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во јули 2025 година се зголемени за 0.5 % во однос на претходниот месец. По групи, 0.4 % кај храна, 1.6 % кај алкохолни пијалаци, 0.9 % кај безалкохолни пијалаци и за 0.2 % кај ноќевањата.
Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од минатата година, цените бележат зголемување за 5.3 %.
Токму високите цени на угостителските услуги конкретно во Охрид се наведени како една од главните причини што посетеноста на градот можеби не е според очекувањата за оваа сезона, па градов според цените се споредува со светси монденски места. Сепак да не се заборави дека жителите на Охрид ги плаќаат истите цени како и посетителите и тоа во текот на целата година. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
