Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Четворица од повредените во пожарот во Кочани денеска се враќаат од странство

Скопје, 9. април 2025 (ИНПРЕС) – Четворица од повредените лица во пожарот во Кочани кои се лекуваа во странство денеска се враќаат во земјава, информираат од министерството за здравство.

Двајца се враќаат од Хрватска и по еден од Шведска и Италија.

Во странство се хоспитализирани 60 пациенти. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти.

Во болниците во земјава во моментот се лекуваат 7 пациенти, од кои четворица во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“, двајца пациенти во приватната болница Систина и еден пациент на Клиниката за пулмологија.

Од ресорното министерство додаваат дека континуирано ја следат состојбата со повредените пациенти, со цел обезбедување најдобар можен третман, како и понатамошна рехабилитација. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Приведен охриѓанец, при претрес во домот пронајдени марихуана и дигитална вага
Next Диви депонии повторно и повторно…

Слични вести

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот
1 min read

Истанбул ја доби една од најдолгите и најбрзи метро линии во светот

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват
1 min read

Ана Петановска ја промовира „Балада за Ангелот“, во јули ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“ во Тиват

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро за 8 сантиметри над јунскиот просек

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.