Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Агенцијата за промоција на туризмот и средното угостителско училиште од Охрид ќе соработуваат на меѓугранични проекти

Агенцијата за промоција на туризмот и средното угостителско училиште од Охрид ќе соработуваат на меѓугранични проекти

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 17. март 2023 (ИНПРЕС) – Заедничка соработка на меѓугранични проекти е договорена на средбата на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски и директорот на охридското средно угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Марјан Радески.

Со тоа ќе се овозможи внесување на европски практики во училишниот процес, подобрување на условите, зголемен број на ученици и подготвени квалитетни кадри кои ќе вложат во развој на туристичкиот сектор.

Една од работите на која АППТ давале многупати значење и директорот Јаневски потенцира, се човечките ресурси коишто секоја година се повеќе ќе треба да се негуваат.

– Потребна е уште продлабочена соработка и вложувања со стручните училишта и факултетите од каде треба да ги изградиме идните шефови на ресторани, гастрономски концепти, хотелски менаџери, визионери кои со ентузијазам ќе применат се она што нас ни недостасува. Така ќе изградиме туристички сектор кој учи и применува, заслужувајки ја почитта со можност за кариерно напредување и градење иднина дома, велат од Агенцијата. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous „Гладијаторите“ подготвени за утрешниот меч со Вардар
Next Во болницата „Св. Еразмо“ извршена првата операција на ‘рбет со најновата генерација роботски микроскоп

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.