Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

1 min read

Охрид, 5. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Времен режим на сообраќај:

Согласно одобрението за време на измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија ќе се изведува реконструкција на десната тунелска цевка од Тунел 1 на автопат А1, делница Демир Капија-Смовица.

ДПТУ Ескаватори-MK ДООЕЛ известува дека на автопатот Скопје-Куманово, поточно автопат А1/А2 делница од клучка ТИРС Бунарџик до пред патарина Миладиновци, од 4-ти до 10-ти октомври 2024 година, од 07:00 до 19:00 ќе се одвиваат градежни активности за рехабилитација и поправка на левата (брза) сообраќајна лентакоја ќе биде затворена за сообраќај и сообраќајот ќе се одвива по десната и помошната сообраќајна лента каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Сезонски режим на сообраќај:

Патниот правец Охрид-Ресен преку Националниот парк „Галичица“, од 1. април 2024 година е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3,5 тони.

Работи на пат во регионот:

На патниот правец Кичево-Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа се препорачува строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Oд 24-ти октомври 2023 година се започна реконструкцијата на регионалниот пат 1301 (Охрид-Свети Наум). Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со содветна сообраќајна сигнализација.

Корисни информации:

Сообраќајни прописи во Република Македонија
Патарини во Република Македонија
Видео камери
Информации за патување во странство
Патарини во Европа
Цени на горива (Крај)

извор: АМСМ фото: архива

Post navigation

Previous УХМР: Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и температура до 24. степени
Next Календар на МПЦ-ОА: Свети пророк Јона

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.