Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата

Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата

Анализите покажуваат нормални параметри на водата од изворот Шум, но и понатаму важи забраната за пиење на водата

Струга, 3. март 2026 (ИНПРЕС) – Резултатите од последните анализи покажуваат дека загадувањето на водата во изворот Шум, водоводната мрежа во Струга и во селата што се снабдуваат од овој извор, е во граница на нормалата.

Сепак и понатаму е на сила забраната за употреба на водата за пиење. Од Центарот за јавно здравје Охрид посочуваат дека и покрај тоа што матноста е во граници на нормала, бараат уште малку трпение од граѓаните бидејќи вредностите варираат од ден на ден. За денеска се најавени нови анализи на примероци од вода.

Веќе три недели стружани се соочуваат со забрана за употреба на водата за пиење. Во насока на должноста да се обезбеди чиста и безбедна вода за граѓаните, од ЈП „Водовод и канализација“ излегоа со распоред на пунктови каде во рекот на денов стружани ќе може да се снабдат со вода за пиење од цистерни.

– Општа Болница Струга – улица „Ристо Крле“, од 09:00 до 12:00 часот

– Градски пазар, од 12:00 до 15:00 часот

– Плоштад на Револуција – улица „Маршал Тито“, од 15:00 до 18:00 часот

– Населба „Езерски Лозја“, од 18:00 до 20:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Спортски ден во Велгошти по повод 145 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров
Next Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.