Охрид, 26. мај 2026 (ИНПРЕС) – Голем успех за ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на XII-от Меѓународен натпревар во мехатроника, инженерство и електротехника Balkan Junior 2026, што се одржа во Ваљево, Србија.
Анастасија Стефановска и Филип Кузески од трета година, од образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, освоија трето место во силна конкуренција од 8 балкански држави, а под менторство на професорите Љупчо Балески, Јован Шикоски и Ангеле Буџакоски.

Ова е уште еден во низата успеси за ученици од ова средно стручно училиште. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“
