Охрид, 27. април 2026 (ИНПРЕС) – Ученици од ОМУ „Методи Патче“ Охрид постигнаа голем успех на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер „Сергеј Михајлов“ што деновиве се одржува во Штип.
Антица Николоска, од класата на професорот Мухамед Бајрам, во дисциплината виолина освои прва награда. Со својата посветеност и талент, таа продолжува да се издвојува меѓу бројните натпреварувачи.
Покрај неа, Исидора Кочовска, од класата на професор Игор Климовски, во дисциплината пијано, исто така освои прва награда. Со нејзината умешност и труд се претстави во одлично светло пред меѓународната публика.
Овие успеси се потврда за високото ниво на музичка едукација и талент кај младите уметници од охридското училиште „Методи Патче“. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
