Белград, 7. октомври 2014 (ИНПРЕС) – Кога станува збор за „Јужен поток“, јасно е дека се зборува за односите меѓу Европската унија и Русија.
– Ние сме земја која е дел од овој проект, но ја чекаме одлуката на големите сили, за да може да ги реализираме нивните одлуки, изјави српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ.
Таа појасни дека оваа одлука сеуште не е донесена, со исклучок на одлуката на самата ЕУ, дека „Јужен поток“ може да се гради.
На овој начин, Михајловиќ го коментираше ставот на Вашингтон, кој според медиумите, повикал „да прекинат валканите зделки“ околу „Јужен поток“, пренесе Танјуг. (Крај)
извор: Танјуг фото: архива