Билтен на СВР Охрид: Лишен од слобода охриѓанец кој физички нападнал полицајци кои интервенирале при „незаконит риболов“
July 4, 2023

Охрид, 4. јули 2023 (ИНПРЕС) – На 4-ти јули 2023 година, во 04:00 часот, кај месноста „Грашница“ во Охрид, лишен е од слобода 38-годишниот Е.З. од Охрид.

– Тој претходно физички ги нападнал полициските службеници кои преземале службени дејствија во врска со „незаконит риболов“. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид фото: архива